(ФОТО) Кејт на БАФТА блеснала во бела тоалета, но, сите го забележале детаљот во знак на сеќавање на принцезата Дијана

Доделувањето на Британските филмски награди (BAFTA) во салата Ројал Алберт во Лондон привлече големо внимание кај јавноста, како поради добитниците на наградите така и поради членовите на британското кралско семејство.
Многу впечатлива појава на овој настан имаа војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Вилијам носел елегантно црно одело, а Кејт блеснала во прекрасна бела тоалета, која многумина ги потсетила на венчаница.


Преубавата Кејт носешла фустан во стил на грчка божица, со потпис на својата омилена модна куќа Александер МекКвин. Својата тоалета ја надополнила со обетки кои ѝ припаѓала на принцезата Дијана, како и алката која ѝ ја позајмила кралицата Елизабета Втора, додека носела штикли од брендот Џими Чу кои чинат 570 евра.


Кејт добила бројни комплименти поради својот изглед, а многумина истакнале дека таа изгледа како вистинска идна кралица.
Војвотката и војводата биле во одлично расположение и значително опуштени од кога и да било, што го пренеле речиси сите британски медиуми.


Впечатливо било нивното влегување во салата, каде се одржувало доделувањето на наградите. Кога се најавиле нивното доаѓање и кога зачекориле во салата, на момент се’ застанало и завладеала тишина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …