Денеска е „Црвен вторник”: Денот во годината кој го „преживуваат” само најсилните

Иако повеќето парови се радуваат на Денот на вљубените, има и такви чии врски „пукнуваат” само два дена пред најромантичниот ден во годината.
Причина за тоа е појавата наречена “Црвен вторник”, ден кога многу парови одлучуваат да ги прекинат односите. Имено, истражувањето кое го спровело “IllicitEncounters” вели дека неделата во која се паѓа Валентајн е време кога најмногу лица одлучуваат да ги остават своите партнери, а особено станува збор за вторник како ден кој брои најмногу такви случаи поради што и го добил името “Црвен вторник”.


Истражувањето наведува дека повеќе од една третина од испитаниците, односно 37 отсто, изјавиле дека ја прекинале врската со партнерот во неделата пред 14-ти февруари. Главните причини за прекин во пресрет на празникот, според истражувањето, се заштедувањето на пари потребни за купување на подарок за партнерот и избегнување на притисокот од давање на лажна изјава на љубов.
Во анкетата учествувале 3000 испитаници – 31. отсто од нив изјавиле дека раскинале преку порака, 28 отсто преку телефонски повик, а 27. отсто со разговор во живо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …