(ВИДЕО) 25. години на Божик ги снимал децата како се симнуваат по скалите: Кусата компилација многумина расплакала

Има многу традиции за Божик, семејни традиции, но и семејни божиќни традиции. Од средината на осумдесеттите па се до 2009. година, Пат Канфалоне ги снимал своите деца како се симнуваат по скалите на првото утро на Божик.
Неговиот син Ник подоцна сите снимки кои ги нашол ги снимил во една компилација од 30. минути, а за Божик 2010. објавил куса компилација која расплакала бројни корисници на социјалните мрежи и сега повторно станала вирална.


„Секоја година тато би не снимал како се симнуваме по скалите“, напишал Ник.
„Ова е компилација на сите снимки кои успеав да ги пронајдам. Роднините и милениците пораснуваат и исчезнуваат, а новите членови на проширеното семејство се појавуваат на нивните места“, додал тој.
Ник денес е писател и продуцент кој живее во Лос Ангелес и има две деца. Неговата сестра Триција се омажила за дечко кој во божиќната снимка првпат се појавува во 2007. година и денес се занимава со недвижнини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …