СОС Детско село со акција ноќите во Скопје да блескаат со љубов

Оваа година над 50 „Места со срце” на СОС Детско село ќе го збогатат Скопје со празнична магија

Овие неколку денови во Скопје блеска празничната магија. За да ја збогатат, СОС Детско село заедно со над 50 „Места со срце” ги отворија вратите за сите кои сакаат да пренесат една едноставна порака, а тоа е дека и малите и младите кои се без родители и во социјален ризик не се сами.
На 27ми, 28ми и 29ти (четврток, петок и сабота) декември 2018 година Градина, Гет Кафе Аеродром и Кисела Вода, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7, Пелистер, Coffee Factory, Локал 45, Круг, Скопски Мерак, Кантина, Галери кафе, Фурна, Passion, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван бистро, Фирма, PLAY City Caffe, Caffe LEE, City Hall, Public room, Де Гама, Енрико, Вели Ив, Рустикана, Brown Sugar Bar, Baking Bread, FOUR, Brick bar, Brick eat, Backyard, сите локали на Жито Леб, Каза, Гостилница XXL, игротека Авантура, игротека Имагинариум, Балнеум и Екотип ја поддржуваат мисијата на СОС Детско село дека „Ниту едно дете не треба да расте само”. Во дел од овие места посетителите ќе може да се запознаат и со работата на СОС Детско село и да донираат за оние на кои им е најпотребно.
Повеќе информации околу самата акција ќе најдете и на Фејсбук фан страната: https://www.facebook.com/mestososrce/.


Средствата од Место со срце на СОС Детско село ќе бидат наменети за деца и млади, без родителска грижа и кои се во социјален ризик. Минатата година околу 130.000 денари кои беа остварени преку оваа кампања беа искористени за поддршка на нивната едукација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …