Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?

Кожата на вашето бебе е чувствителна и склона кон сувост. Често се среќаваат многу суви и воспалени делови на кожата, особено во пределот на пелените и образите на бебето. Нежната и ефикасна нега за кожата со помош на производи за кои што клинички и дерматолошки е докажано дека делуваат добро на сувата кожа на вашето бебе, ќе ја помогнe регенерацијата на кожата и ќе ја направи кожата на бебето нежна и мека.

Кои се причините за кожата на бебето да стане сува?
Кожата работи засилено за да го заштити телото: таа создава бариера за надворешните иританси и ја одржува природната рамнотежа навлага во кожата. Кожата на бебето е потенка од кожата на возрасниотчовек, а нејзината функција на природна бариера не е потполно развиена.Освен што е почувствителна и склона кон иритација, таа полесно губи влага и на тој начин е склона кон сувост.
Промените на надворешната температура,на кои што бебешката кожа е особено чувствителна, можат дополнително да ја зголемат сувоста на кожата, што води до брзо влошување на состојбата на кожата од сува до многу сува. Кога сувата кожа е пратена и со интензивен јадеж, бебето може да имаат опичен дерматитис.


Делови со иритирана кожа често се појавуваат во предел на слабините и газето на бебето и обично се нарекуваат „пеленски осип“. Пеленскиот осип не е поврзан со атопичниот дерматитис (зоната е многу влажна, за да се развие) и може да има неколку различни причини за негова појава:
• Триењето на кожата на бебето со пелената
• Габична ил ибактериска инфекција: кожата на бебето реагира на содржината во пелената
• Кожата на бебето може да реагира на материјалот од кој што е изработена пелената, на состојките во бебешките влажни марамчиња или препаратите за измивање


Многу бебиња во тек на првите неколку недели по раѓањето страдаат од себороичен дерматитис.Тој се карактеризира со погруби и лушпести делови на кожата во предел на скалпот или веѓите, но тие вообичаено се масни, а не суви.
Како требада ја негувам сувата и чувствителнакожанамоетобебе?
Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа е специјално разработен, за да обезбеди соодветна нега за сува и иритирана бебешка кожа. Содржи само неколку состојки и нема мирис и конзерванси, што го прави идеален за чувствителна млада кожа. Тој образува нежна полуоклузивна заштитна бариера над кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата на бебето. Формулата содржи глицерин – ефикасна хидратантна состојка, којашто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Глицеринот дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека Eucerin Aquaphor формулата го помага оздравувањето на многу сувата, распукана и иритирана кожа. Тој ја негува нежната кожа на вашето бебе и ја прави мека и мазна.
Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем е достапен во две пакувања:
45 мл


220 мл

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …