(ВИДЕО+ФОТО) „Дај ми да бидам човек свој“ порачува Мијата

Видео спотот е извадок од соундтракот на перформансот „Јаболки и круши за уметнички души”, а пораката е силна: зборува за слободата на секој од нас!

Пејачката и кантавтор Мијата создаде одлична видео приказна за нејзината песна „Дај ми Да”.
Оваа тема е дел од кабаре концертот „Јаболки и круши за уметнички души”, кој по Берово и Кочани ќе отпатува во Ресен како и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември.


„Кога на уметникот ќе му овозможите да покаже што носи во себе, тогаш за него нема поголема среќа. Берово и Кочани го видоа овој кабаре концерт, еден мој проект кој овој поторно заживеа оваа есен“, вели Мијата.
Видео спотот е извадок од перформансот „Јаболки и круши за уметнички души”, а и пораката е силна, зборувам за слободата на секој од нас”, ни изјави Мијата.
Песната „Дај ми Да” оригинално е една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски, од легендарната група Конкорд, кој е автор на музиката.


Аранжманот е на Трајко Симоновски-Таци со кого таа соработуваше на голем број од песните на албумот „Небеска“, а текстот го потпишува Мијата.
Во кабаре концертот освен Мијата учествуваат и Мето Јанакиевски/Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук.
„Јаболки и круши за уметнички души” е кабаре перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …