ТТК Банка АД Скопје– спонзор на активностите на Македонска филхармонија во новата концертна сезона 2018/19

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо задоволство безрезервно ја дава својата поддршка на Македонската филхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.

Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК Банка ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија!


Со оваа соработка, ТТК Банка ја потврдува својата посветеност на вредностите кои ги застапува- квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух, професионалност.Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво.

ТТК Банка како банка со традиција и искуство од една страна, и иновација и ентузијазам од друга, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија која поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес.


Со радост и во исчекување на нови уникатни доживувања,го поздравуваме почетокот на новата концертна сезона и посакуваме успешни и незаборавни концерти во кои ќе имаме прилика да уживаме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …