(ФОТО) Освета за Кање: Ким позирала во бикини кој малку простор и оставал на фантазијата!

Само еден ден откако во семејното риалити се испокарала со сопругот поради разголените објави на социјалните мрежи, Ким кардашијан споделила една од своите најпредизвикувачки фотографии.
Во најновата епизода на „Keeping Up With The Kardashians“ старлетата открила дека Кање се обидел да ги контролира нејзините објави на Инстаграм во што, очигледно, не успеал.
Ким објавила фотографија на која лежи на кревет во најмало бикини на светот кое едвај ги прекрил нејзините брадавици и навистина оставил малку простор на фантазијата, а се’ зачинила со исплазен јазик.


View this post on Instagram

Monday Mood 😂🤪


A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Станува збор за костум со потпис на модната куќа „Шанел“, како го открива логото на горниот дел на необичниот округол облик, а предизвикувачката фотка го поделила мислењето на јавноста. И’ додека нејзините верни обожаватели коментирале опсипувајќи ја со комплименти, се јавиле и неколку душегрижници кои ја прозивале поради непремереното однесување за една мајка на три деца која е и пример на бројни девојчиња ширум светот.

Но, иако овојпат Ким успеала да се надмине самата себе, паднала во втор план поради Кање кој одлучил да покаже поддршка на Доналд Трамп со капа со мотото на неговата претседателска кампања „Make America Great Again” која ја носел во шоуто Saturday Night Live.

Освен со капата, поддршката на Трамп ја изразил и во својот говор после настапот, што за Ким наводно било многу срамно, како што пренесува Cosmopolitan.

Каков необичен пар!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …