(ФОТО) Црно бел колач

Состојки:
Бисквит:

8 јајца, 150 г чоколадо во прав,150 г путер,150 г шеќер, 2 лажици слатка павлака,1 лимон, 1 лажичка цимет, 100 г излупени бадеми, 100 г амарети (кекси со бадеми)
Крем:300 мл млеко, 3 жолчки, 100 г кокосово брашно, 100 г путер, 100 г шеќер.
Глазура:100 г бело чоколадо
Подготовка: матете го путерот со шеќерот да добиете пенеста смеса, продолжете го матењето и додавајте ги жолчките – една по една. На пареа истопете го чоколадото со слатка павлака и малку изладено додајте во првата смеса.
Додајте цимет, сок и коричка од 1 лимон, сечкани бадеми и здробени бисквити, и на крај со лажица вмешајте го снегот од трите белки.
Истурете во плех намачкан со масло и наросен со брашно, и печете околу 45. минути во рерна загреана на 180 степени.
За кремот матете ги жолчките со шеќерот, додајте топло млеко и варете на пареа додека не се згусти. Тргнете од шпоретот и додајте кокосово брашно. Во изладениот крем вмешајте пенесто изматен путер и се уште малку матете.
Исечете го тестото на половина, намачкајте со кремот и поврзете. Полијте со глазура од бело чоколадо и украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …