Кори:
250 г путер
200 г шеќер
2 лажици мед
2 јајца
450 г брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
2 лажици какао во прав
малку млеко
Фил:
5 лажици шеќер во прав
2 лажици рендано чоколадо
50 мл рум
2 – 4 лажици мармалад
сварено кафе (по потреба)
суво грозје
ореви
сок од портокал
Подготовка: брашното исејте го со печивото и какаото а потоа додајте го изронетиот путер, млекото измешано со шеќер и истопениот мед и јајцата.Замесете тесто и поделете го на 4 дела. Секоја кора посебно испечете ја на опачината од плех за печење. Потоа две кори изронете.
Фил: на изронетите кори додајте им шеќер во прав, чоколадо, рум, кафе, мармалад, малку сечкани ореви, суво грозје и сок од портокал. Филот треба да биде доста мек за да изронетите кори потполно омекнат. На првата кора ставете го филот, покријте со втората кора.
Потоа се’ полијте со глазура која сте ја подготвиле од 200 г истопено чоколадо со 4 – 5 лажици масло, или според некој ваш проверен рецепт.
(ФОТО) Чудни чоколадни коцки
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.