(ФОТО) На ултразвук на нероденото дете видела нешто чудно:„Оттогаш плачам“

Ако некогаш сте гледале снимки од ултразвук веројатно не ви било јасно што гледате на нив. Но, 32. годишната Стефани Џексон тврди дека знае што гледа, а освен нејзиното бебе тоа било и лицето на нејзината почната баба.
Оваа Англичанка од Ливерпул е во 18. недела на бременост, а за време на прегледот кај нејзиниот гинеколог направила и снимање со ултразвук. Кога и ја дал снимката на Стефани таа почнала да плаче.
Не ја расплакал погледот на нејзиното неродено дете, туку лицето на баба и која умрела пред 14. години. Истото лице го гледа и мајка и на Стефани, трудницата открила дека била многу блиска со баба и и’ дека таа и нејзиниот партнер и се молеле на баба и да добијат дете.
Мајкл Дејвис, партнерот на Стефани, пред да се запознаат направил вазектомија а кога одлучиле дека сакаат деца отишол на таканаречената обратна вазектомија.
„Мама прва ја забележа баба, но ја видов и јас како и нашето семејство и пријателите. Поради тоа, откако ја видов, плачам“ рекла Стефани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …