(ФОТО) Мама Весна Бејби со емотивна порака за својот син – полуматурант!

Полуматурата на синот на Весна Петрушевска, Кирил, беше причина актерката да сподели две фотографии.

Едната на која Кирил е мал и го гушнал кадифеното мече Вини Пу, кога Весна за првпат го сретнала, а на другата фотографија е Кирил пораснат, фотографиран за табло како полуматурант.
„Лево е Кирил кога се сретнавме, не го даваше Вини Пу,а десно е Кирил кој денеска се сликаше за полуматура. Искрено, без никакви патетики, ама цел живот ми е… златно дете. Како баба ми се почувствував денеска, му велам ‘Гледај факултет заврши’“, внапишала Весна Петрушевска.
Актерката е мајка на Мина и Кирил, деца кои ги посвои и за кои вели дека се нејзина најголема љубов и центар на светот.


лево е Кирил кога се сретнавме,не го даваше Вини Пу,десно е Кирил денес се сликаше за полуматура,искрено без никакви…


Gepostet von Vesn Bejbimama Petrusevska am Dienstag, 24. April 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …