(ФОТО) Гибаница од стоен леб: Сиромашно јадење со богат вкус!

Не го фрлајте лебот ако ви остане од вчера, туку испробајте го ова штедливо но фантастично јадење
Потребно е нешто повеќе од половина час да се напрви оваа фантастична гибаница од стоен леб. Со малку фантазија и малку издвоено време стариот леб кој би го фрлиле ќе добие сосема нов вкус.
Потребно е:
1 векна стар леб
500 г сирење (урда)
50 г путер
3 јајца
300 мл млеко
150 мл минерална вода
масло
сол, црн пипер
Подготовка:лебот исечете го на кришки,отстранете ја кората, а потоа исечете на коцки. Ситно изрендајте го сирењето, додајте јајца, путер, минерална вода и мешајте да добиете хомогена смеса.
Секое парче леб натопете го во млеко и редете во намрсен сад, намачкајте со филот. Наредете уште еден ред леб потопен во млеко и полијте со дел од филот. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30. минути.
Гибаницата исечете ја на парчиња и послужете со кисела павлака или јогурт, кисело млеко…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест Скопје 2024

Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен …