(ВИДЕО) Чоколаден колач од само две состојки!

Вкусен десерт за кој не ви треба многу време ниту пари.Најдобро се служи со сладолед од ванила или свежо овошје…
Потребно е:
4 јајца
250 г чоколадо за готвење
Подготовка: рерната вклучете ја на 170 степени. Истопете го чоколадото, на пареа или во микробранова рерна.
Одвојте ги жолчките од белките. Од белките изматете цврст снег. Во истопеното чоколадо, и скоро изладено, вмешајте ги жолчките една по една. Во смесата од жолчки и чоколадо полека вмешајте го снегот од белките.Смесата истурете ја во калап за печење, убаво намачкан со путер, и покриен со хартија за печење. Ставете во загрената рерна и печете околу 30. минути.
Испечениот и изладен колач исечете го и послужете со сладолед, свежо овошје или само наросен со шеќер во прав.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …