Починало најстарото лице на светот, родено во 19. век

Најстарото лице на светот, 117. годишната Јапонка, Наби Таџима, починала.
Наби Таџима починала во саботата навечер, во болница, во градот Кикаи на југот на Јапонија, соопштило градско официјално лице.
Таа во болница била од јануари.
Таџима е родена на 4. август 1900. година и е последно лице за кое се знае дека е родено во 19. век.
Родила и воспитала седум синови и две ќерки и има повеќе од 160. потомци, вклучувајќи и пра-пра-пра-правнуци.
Градот Кикаи е мал остров со околу 7.000 жители, и се наоѓа на половина пат помеѓу Окинава и Кјуши.
Таџима станала официјално најстаро лице на светот пред седум месеци, после смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која исто така починала на 117. години.
Титулата најстаро лице на светот сега ја понела повторно Јапонка, Чијо Мијако која живее јужно од Токио во префектурата Канагава и за 10. дена треба да наполни 117. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …