(Вознемирувачко ВИДЕО) Новинар застрелан додека известувал во живо


Новинар од Никарагва е убиен додека во живо известувал од антивладините демонстрации…
Анхел Гадона настаните од протестот во живо ги пренесувал на Фејсбук, а додека опишувал како насилните демонстранти оштетиле банкомат се слушнал истрел.
Гахона кој бил погоден во главата паднал на земја додека неговите пријатели почнале да повикуваат помош.

https://vimeo.com/266000627


Во следниот момент се гледа како луѓето трчаат кон него за да му укажат помош. Не се знае кој пукал во него, а весникот La Prensa наведува дека биле вооружени и’ полицајците и’ групите кои се борат против протестантите.
Во Никарагва од средата траат протести против плановите на владата да ги намали пензиите и работничките права,а сето тоа предизвикало голема криза во државата на чие чело е Даниел Ортега.


Црвениот крст проценува дека од почетокот на протестите се убиени најмалку шест луѓе, додека локалните медиуми јавуваат дека се убиени најмалку 25. лица меѓу кои и едно 17. годишно момче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …