Концерт на Мики Јовановски Џафер – 50 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА

Во сабота на 13 април 2024 година во Public Room ќе се одржи јубилејниот концерт на Мики Јовановски Џафер – 50 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА.

Џафер е македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика и кој остави траен белег на македонската музичка сцена.


Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на “Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски Џафер награда за интерпретација.

Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, „ Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света “.


Билетите можете да ги набавите онлајн на www.drugastrana.mk/event/miki-jovanovski-djafer/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …