Утре ќе се одржи 25-то издание на фестивалот Таксират

Утре, 7 декември 2023 година, во арената Борис Трајковски, ќе се одржи јубилејното 25-то издание на фестивалот Таксират.

Од 1999, од прв ТАКСИРАТ, преку МКЦ, па низ некогашен Скопски Саем, Хала 2, Метрополис Арена, off-Таксират секаде низ Скопје.


Во Главната вечер ги собираме ТАКСИРАТ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират или уште поважно, екипата која во моменти и ни помогна да опстоиме.

На 3 сцени, 10 изведувачи во една вечер, на која збирно место има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена, се вели во објават од Пасворд Продукција.


Настапуваат:

ACID ARAB
DUB FX
DUBIOZA KOLEKTIV
KIRIL DZAJKOVSKI
LET 3
MIMI MERCEDEZ
S.A.R.S.
SMOKE MARDELJANO
SMUT
STRAJK


Билетите се достапни на: https://bit.ly/Taksirat25

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …