Концерт на Летечки Пекинезери во клубот Маракана


На 7 декември 2023 година, со почеток во 21:00 часот во клубот „Маракана”, ќе можете да го проследите концертот на Летечки Пекинезери, и да слушнете свинг претворен во џамп-блуз, блуз претворен во свинг и џез изведби на Слим Харпо, Фреди Кинг, Скип Џејмс итн…

Летечки Пекинезери во соработка со Котон Блуз фест ќе ни овозможат уникатно музичко доживување исполнето со фузија од стилови на блуз легендите. Оваа свинг петорка е позната по својот начин на вдомување на манири закопани во историјата на големата Афроамериканската музичка традиција. Поттикнати од Котон Блуз Фест, овој пат ќе го исполнат репертоарот со парчиња земени од нејасната граница каде се сретнуваат Џезот и Блуз музиката.


Билетите по цена од 200 денари можете да ги набавите на врата во клубот „Маракана“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. Тој е познат македонски …