Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

Во Камерната сала на Македонската филхармонија, во понеделник 06 ноември 2023година, со почеток во 20:00 часот ќе можете да го проследите концертот на врвниот гитарист Мухамед Ибрахими.

Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен но маестрален на сцена. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.


Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

Специјални гости – Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …