Наградуваната претстава ,,Драги уметници” во недела во Домот на Културата Димитар Влахов

По повод Денот на општина Гази Баба, во недела на 05 ноември 2023 година, во Домот на Културата Димитар Влахов во Автокоманда, со почеток од 20:00 часот ќе можете да ја погледнете претставата ,,Драги уметници”.

,,Драги уметници” е крими-комедија, едночинка напишана од Леонид Зорин. Претставата ,,Драги уметници” на Театар ,,Чекори” освои три награди на „Драмски Аматерски Фестивал“ – Кочани и две награди на „ДОПС Фест“ – Јагодина, гостуваше на „Фестивал Фестивала“ – Требиње и Театарски Фестивал„Без рамки“ – Демир Капија.


Играат:
Тамара Стојановска – Лиза
Марко Џамбазоски – Перица Драшков – Пере
Даниел Гочевски – Драган Тарабунов
Никола Кузманоски – Ласте Крстевски
Тон и светло мајстор: Никола Димевски
Режија: Маја Ѓурчевска
Дизајн на постер: Лела Савевска

Картата чини 200 денари и може да се набави на самиот влез, пред почеток на претставата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …