Музички и танцов перформанс ,,Иновација”

Во понеделник, на 06 ноември 2023 година во 20:00 часот, во Народен Театар Битола, ќе може да го проследите музичкиот и танцов перформанс ,,Иновација”.

Кореографија, режија и музика- Стефанија Милевска Враниќ
Музички соработници: Павел Талевски/ тапани, Владимир Враниќ/ гитара.


Учествуваат: Екатерина Мицевска, Глориа Петковска, Сања Лазаревска, Стефанија Милевска Враниќ, Наташа Апостоловска, Анастасија Зулевска, Бојана Артиновска, Павел Талевски, Јован Ристевски.

Танцов перформанс, во кој земаат учество млади и возрасни танчери, музичари и изведувачи на возраст од 16 – 65 години. Танцовиот перформанс е паралела на два света, кои според емоционалната зрелост и искуство се тотално далечни, а поврзани се редоследно еден по друг. Мотивот е филозофија на животот и неговите вредности.


Паралела на битолски животни приказни, на луѓе кои функционираат, творат и живеат во Битола, место кое е посебно на свој начин.

Свет на возрасни и на млади кои веќе преминуваат во светот на ворасните и имаат безброј неодговорени прашања, за кои возрасните веќе го имаат одговорот, но ја загубиле смислата. Кога е душата среќна и исполнета? Каков свет оставаат возрасните за младите? Дали тој свет ги воспитува на вистински вредности или на површност и оттуѓеност, пред се оттуѓеност од сопствената душа?


Кога живееш во своето родно место, го правиш тоа што навистина го сакаш и имаш инспирација да твориш, да создаваш и да се радуваш на животот.

На тој начин поврзан со својот корен, со својата душа, ти создаваш иновации. Иновации кои се рефлектираат надалеку и вибрираат додека не постигнат промени во денешното живеење. Каде се наоѓа иновацијата? Кај младите или возрасните? Дали сеуште постојат иноватори?

Да го подобриме светот во кој живееме, започнувајќи од себе, пренесувајќи на другите, учејќи ги младите, разбирајќи ги возрасните. Да започнеме од домот свој, од градот свој, од земјата своја.

Цена на билети: 150ден.

Настанот е во рамките на програмата по повод „4ти Ноември“, денот на ослободувањето на Битола. Проектот е поддржан од Општина Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …