Почина Проф. м-р Жана Димчевска – беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност и поранешен продекан за настава

Почина професорката Жана Димчевска која беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност. Димчевска ја извршуваше и функцијата продекан за настава на ФМУ, а колегите изразија длабоко жалење:

Замина нашата Проф. м-р Жана Димчевска
(5.6.1956 – 4.11.2023)
Со длабоко жалење ве известуваме дека по долго и тешко боледување почина нашата почитувана колешка проф. м-р Жана Димчевска. Таа беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност.
Жана Димчевска е родена во Скопје. Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара од Франција.
Високото образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на наставно-теоретскиот насока, каде подоцна ги завршува и постдипломските студии. Од 1981 до 1997 година работела во МБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје како професор по предметите солфеж и теорија на музиката во основниот и средниот оддел. Од 1988 година, односно од формирањето на Детскиот хор “Пиколо” при МБУЦ “Илија Николовски-Луј”, активно учествува во работата на истиот како втор диригент. Таа е еден од најистакнатите наставници и активен креатор на реформите во музичкото образование преку соработките со Заводот за унапредување на образованието и воспитанието на Р. Македонија.
Активно учествува во работата на Здружението на музичките педагози на Македонија. Континуирано учествувала во организирањето на републичките и сојузните натпревари на учениците и студентите по музика. Едновремено учествува во повеќе комисии во МБУЦ „Илија Николовски Луј“. Жана Димчевска се реализира и на полето на воннаставните активности, била долгогодишен активист на Музичката младина на Р. Македонија, одговорен професор на Младинската организација при МБУЦ и др.
Од 1997 до 2023 година, Жана Димчевска беше професионално ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде особено посветено работи на унапредување на предметот солфеж. Таа перманентно учествува на Државните натпревари на ученици и студенти по музика, со свои студенти, и истовремено е ангажирана како член на жири комисија во студентските категории.
Од 2005-2009 година, проф. Жана Димчевска ја извршува функцијата продекан за настава на ФМУ.
Класот од МБУЦ Илија Николовски-Луј на класната Жана Димчевска оддаде почит со концерт во салата на Македонска Филхармонија неодамна.
Вечна слава и почит наша Жане, те сакаат твоите од Луј


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …