Изложба и концерт “НИЕ, ЛУЃЕТО” во рамките на проектот за вклучување на лица со интелектуална попреченост во културата

Изложба и концерт со наслов “НИЕ, ЛУЃЕТО” ќе се одржи во Центарот за култура во Ѓорче Петров од 19 часот на 4 ноември 2023 година, а изложбата ќе продолжи во НГМ Мала станица од 06 до 11 ноември 2023 година.

Проектот „Кампања за вклучување на лица со интелектуална попреченост во културата и општествениот живот -НИЕ, ЛУЃЕТО“ е инспирација од делото „Ние, врапчињата“ на авторот Јордан Радичков.


На музичкиот концерт ќе настапат: лицата со интелектуална попреченост од ЦПЛИП – Порака Скопје, учениците со типичен и атипичен развој од училиштата од Ѓорче Петров, а како гости музичари ќе учествуваат: Билјана Весковска, Драгана Марковиќ, Александра Таневска, Ева Малин, Ема Ананиевска, Дино Рамо, Дејан Спасовиќ, Симон Киселички, Златко Митрески, Хана Корнети и Тома Димовски.

На изложбата ќе бидат изложени фотографии кои се изработени од лицата со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и учениците со типичен и атипичен развој од училиштата од Ѓорче Петров.


Проектот е во реализација на Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи, а по идеја и концепт на Македонка Илиевска Митреска и Златко Митрески.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …