Актерот Илко Стефановски ненадејно не напушти, денес ќе го прославеше 71-от роденден

Илко Стефановски е роден во Битола на 4 ноември 1952. Тој е македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.

Стефановски во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумци во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор.


Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл.

Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија – „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена.


Од неговата богата филмографија ги издвојуваме: „Заминување од Пасквелија“ (1992), ТВ филм, „Пред дождот“ (1994), „Ангели на отпад“ (1995), „Салон Хармони“ (1998), ТВ серија, „Погрешно време“ (1999-2001), ТВ серија, „Крчма на патот кон Европа“ (2005), ТВ филм, „Превртено“ (2007), „Сенки“ (2007), „Апсурдистан“ (2008), „Мајки“ (2010) „Трето полувреме“ (2012). Добитник е на престижната републичка награда „11 Октомври“.

Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …