(ВИДЕО) РЕТКА ГЛЕТКА – Туристите снимиле медуза поголема од нивната подморница на длабочина од неколку стотици метри

Во водите околу Антарктикот е забележано ретко и необично суштество, а се работи за џиновска медуза со пипала долги над девет метри.
Додека ги истражувале бреговите околу Антарктикот, туристите во приватна подморница успеале да го снимат ова необично суштество, кое дотогаш било видено само 126 пати.
Медузата била поголема од подморницата во која биле туристите. Оваа, за многумина, застрашувачка глетка е снимена на длабочина од неколку стотици метри, во близина на брегот на антарктичкиот остров Рона.

Кон крајот на минатата и на почетокот на оваа година беа забележани уште неколку појави на ова необично животно.
Научниците сè уште не знаат многу за овие безрбетници, кои живеат во темната и студена зона на поларните океани и ги користат нивните брановидни пипала налик на лента за да ловат планктони и мали риби.
Корисниците на Твитер пишуваат дека ова суштество изгледа како да не е од нашата планета.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …