(ФОТО) Петар Грашо е дефинитивно минато: Данијела Мартиновиќ се прошетала со новото момче – Пејачката конечно е заљубена!

Данијела Мартиновиќ помина низ тежок период кога Петар Грашо ја напушти по 24 години врска…
Сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо беа во врска 24 години. Меѓутоа до разделба дошло после две децении, кога јавноста дозна дека Грашо е вљубен во двојно помладата ќерка на музичарот Тончи, Хана Хуљиќ.
Хана и Петар се венчаа минатиот февруари, а неколку месеци подоцна станаа родители на малата Алба. Но, среќата и се насмевна и на Данијела. Иако помина низ тежок период, таа неодамна открила дека е во врска која започнала многу спонтано, поточно со еден телефонски повик:
– Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокат од мое име преку Интернет поднесе пријава за кражба на идентитет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се’ започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време во разговор и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа – изјавила Даниела неодамна за „Gloria.hr“.
Иако на почетокот не откривала многу за новата врска, хрватскиот магазин Gloria пишува дека се работи за инспекторот Јосип Плавиќ (49). Тие двајца се фотографирани како прегрнати се шетаат, насмеани од уво до уво.
Данијела за споменатиот магазин изјавила дека годините и донеле мир, слобода и среќа.

View this post on Instagram

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)


Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …