ПОЧИНАЛА ЧЛЕНКА НА ЛЕГЕНДАРНА ГРУПА: Се борела со ТЕШКА БОЛЕСТ, а еве кој бил со неа до ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

Анита Поинтер, членка на познатата поп и R’n’B група The Pointer Sisters, починала во саботата на 74-годишна возраст од рак, објави нејзиниот портпарол Роџер Нил, а пренесоа американските медиуми.
Поинтер починала во својот дом во Беверли Хилс, а до последен момент биле покрај неа членовите на семејството.
Двете сестри на Анита починале пред неа. Бони починала минатата година на 69. години, а Џун во 2006 година на 52 години.

Групата The Pointer Sisters ја сочинуваа четири сестри – Бони, Анита, Рут и Џун, а пред да станат познати заедно пееле во црквата на нивниот татко во Окленд.


This image has an empty alt attribute; its file name is pointer-sisters-1-682x1024.jpg

Нивните најпознати хитови се „I’m So Excited“ и „Jump (For My Love)“.


Тие освоија три Греми, од кои едното беше за песната „Fairytale“ од 1975 година. Песната ја напишале Бони и Анита, а подоцна ја снимил и Елвис Присли.

Анита беше втората најстара од четирите, која започнала да настапува во 1969 година како дуото Џун и Бони. После тоа, им се придружила Анита, која ја напуштила работата како секретарка, и на крајот Рут, која станала дел од составот на нејзините сестри.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …