Заводливо издание на пејачката Рита Ора која за време на ноќното излегување во Лондон се појавила во долг проѕирен фустан.
Пејачката на својот Инстаграм сподели фотографии од излегувањето и ги покажала своите модни избори за едно ноќно излегување во Лондон, како и нејзината неверојатна фигура во проѕирен фустан.
View this post on Instagram
Таа открила и голем број тетоважи на грбот, а косата ја сокри под качулка. Долгиот фустан што го носела имал дупчиња и бил целосно проѕирен и ја откривал нејзината црна долна облека.
Својот изглед го комплетирала со големи сребрени прстени и алки и лак со сребрени детали. Имала црни чизми на нозете.
Објавата на пејачката привлече бројни следбеници кои и дадоа комплименти за нејзиниот изглед.
Потсетуваме, Рита на почетокот на август тајно се омажи за својот партнер, режисерот Таика Ваитити. Двојката се венча на интимна церемонија во Лондон.
Фото: Принтскрин/Instagram