(ФОТО) Стивен Тајлер хоспитализиран

Легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“ во последен момент го откажал настапот во Лас Вегас овој петок бидејќи пејачот Стивен Тајлер не можел да настапи, а причината е „мистериозна“ болест, како што дознаваат американските таблоиди.
„Со големо разочарување сме принудени да го откажеме вечерашниот настап бидејќи Стивен не се чувствува добро и не може да излезе на сцената“, бендот накратко ги информирал фановите на социјалните мрежи, но се очекува концертот да се одржи следната недела доколку 74-годишната ѕвезда и стане подобро.


„Аеросмит“ навистина нема среќа со нивните настапи во Вегас, со концертите во јуни и јули откажани откако Тајлер беше примен на рехабилитација од дрога.
Пејачкиот ветеран со години се бореше со зависноста, а неколку пати беше подложена на третмани за рехабилитација и детоксикација. Последен пат се вратил на дроги по операција на стапалото, што јавно го признал, а членовите на бендот му помагаат од 1988 година, кога првпат направиле заедничка интервенција и го испратиле на рехабилитација.
„Ми требаа години да престанам да им се лутам затоа што потоа ме принудија да се рехабилитирам, па заминаа на одмор“, изјавил пејачот во интервју во 2019. година, но додал дека денес им е многу благодарен за тоа.
Зошто овој пат бил примен во болница, останува непознато.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …