(ВИДЕО+ФОТО) Наташа Миха со новата тема „Мерлин Монро“ ги отсликува храбрите индивидуи кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба!

Фринтменот на “Station: Innermost”, Наташа Миха ја објави својата нова песна со наслов „Мерлин Монро“, заедно со видео запис, со која воедно го најавува својот нов албум.

This image has an empty alt attribute; its file name is Наташа-Миха-3.jpg


„Мерлин Монро“ е насловот на новиот сингл на Наташа Миха, објавен на 3-ти ноември, заедно со видео запис, со кој го најавува својот нов албум, кој ќе биде издаден на 21-ви декември.
„Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.

This image has an empty alt attribute; its file name is Наташа-Миха-1.jpg


Музиката и текстот за „Мерлин Монро“ се комплетна творба на Наташа, а аранжманот е заедничо дело на Наташа и Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир се потпишува и за изработување на миксот и мастерингот.
Видео записот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во спотот, како модел се појавува Калтрина Круезиу, на која совршено и прилега улогата на Мерлин Монро.
За шминката се погрижи Зоран Шурбевски, заедно со своите асистентите Стефан Кековски и Ангела Маневска.

This image has an empty alt attribute; its file name is Наташа-Миха-2.jpg


Наташа е академски музичар, која својата соло кариера ја има започнато во 2020-та со објава на „Кругот“ и „Пеперутка“, по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“.
Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот “Station: Innermost” со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ како и неколку синглови, има остварено соработка со врвни музичари како клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper…). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а има настапувано и како предгрупа на Deep Purple.“

Фото: Бојан Стоилковски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …