(ВИДЕО+ФОТО) СЕЛЕНА ГОМЕЗ ги израдувала фановите со својот нов ДОКУМЕНТАРЕЦ: „My Mind and Me“ на фестивалот во Лос Анџелес

Познатата ѕвезда зборува за своите предизвици со менталното здравје, несигурноста и борбата со Лупус…
Селена Гомез го запозна светот со сложеноста на нејзиниот ум и предизвиците со менталното здравје, преку нејзиниот нов документарен филм „My Mind and Me“, кој премиерно беше прикажан на AFI фестивалот во Лос Анџелес, одржан во средата навечер.

This image has an empty alt attribute; its file name is selena-gomez-dokumentarec-1.jpg


„Планирав да го објавам овој документарец неколку пати, но никогаш не беше вистинскиот момент“, рекла ѕвездата на црвениот тепих на овој настан. Потоа се случи пандемијата, и многу луѓе почнаа да зборуваат за менталното здравје, за чувствата на изолација, депресија или анксиозност – чувства кои ги немаше порано, но сега се присутни. Само се надевам дека ова ќе продолжи во нешто како разговор, кој подоцна ќе биде корисен за луѓето“.


Темата за поврзување и започнување на разговор беше вистина која проникнала во целиот филм. Додека Гомез барала исцелување од нејзиното биполарно растројство, дијагнозата на лупус и трансплантација на бубрег во 2017. година, таа поминувала многу време со другите – или со нејзината пријателка Ракел Стивенс, нејзините соседи од нејзиното детство во Тексас или во посета на деца во Кенија во 2019. година
Овој документарец, во режија на Алек Кешишијан, е многу суров поглед на менталното здравје, кревајќи ја завесата од фамата за славата, со цел да открие една млада жена која активно работи на односот со себе и самоприфаќањето.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Ретко е да се види ѕвезда од толку висок профил да му ја покаже на светот својата ранливост и непријатните вистини за себе, дозволувајќи им на камерите да ја снимаат како плаче за нејзините несигурности, поминува низ терапија за Лупус и детално зборува за тоа како е да се има предизвици со менталното здравје.
„Знаењето го елиминира стравот во животот, бидејќи тогаш создавате врска со вашето ментално здравје, поради оваа причина советувам да научите што повеќе“, им го споделила својот совет на оние кои минуваат низ слични борби, низ кои поминала и самата.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Во изјавите дадени по премиерата, Гомез елаборирала на истата тема:
„Во ред е да не се чувствувате доволно добро и да чувствувате дека сте сложени и комплицирани. Важно е да имате здрава врска – како да разговарате со себе, како да побарате помош, како да разговарате со другите“, рекла таа што се надева дека луѓето ќе понесат со себе по филмот.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


За својот нов документарен филм, Селена објави и нова песна, која го носи истото име.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …