Новото истражување дошло до заклучоци кои ќе ве направат среќни
Дремката попладне после работа, училиште или напорен ден може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар за речиси 50 проценти. Ова го потврдиле резултатите од новото спроведено истражување.
Доктор Сара Медник од Универзитетот во Калифорнија истакнува дека дваесетминутниот попладневен сон делува како да сте го притиснале копчето за „ресетирање“ во телото. Откако ќе дремете попладне, будноста се зголемува, концентрацијата и фокусот се подобри, а моторните вештини на крајот може да се подобрат.
Спиењето 60 минути помага да се освежи меморијата. Секоја попладневна дремка е идеална за кардиоваскуларниот систем бидејќи му овозможува на телото да се смири. Така телото се регенерира и закрепнува од секојдневниот стрес.
Д-р Медник препорачува да дремнете час и половина во текот на денот, особено ако сте ранобудни:
„Тоа е моментот кога влегувате во РЕМ фазата, што овозможува да се обноват креативните сили на умот“, објаснува таа.
Единствената лоша страна е што ќе се чувствувате поодморени навечер, што го отежнува заспивањето. Затоа би било оптимално да спиете помеѓу 20. и 30. минути по ручекот, но задолжително пред 15. часот.