(ФОТО) ЗА ОВАА ФОТОГРАФИЈА ЗБОРУВА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА! Сурфер летал по брановите, а зад него се појавил МОНСТРУМ од длабочините!

Фотографот Џордан Анаст снимил неверојатна фотографија на натпревар за сурфање во Калифорнија, Соединетите Американски Држави. Со камерата го фатил професионалниот сурфер Тајлер Ворен, а зад него од океанот скокнала ајкула!
Професионален натпревар во сурфање се одржа во Калифорнија, Соединетите Американски Држави. Фотографот Џордан Анаст успеал со својот фотоапарат да сними неверојатна снимка која брзо стана вирална. На сликата е фатен професионалниот сурфер Тајлер Ворен, а зад него се појавила ајкула која скокнала од океанот.
Ајкулата само за кратко се појавила надвор од водата, но тоа било доволно за Анаст да направи историска фотографија за која зуи цел свет. Анаст е фотограф кој повеќе од 20 години ги покривал повеќето спортски настани во Калифорнија, но според него ниту една фотографија никогаш не добила вакво внимание, пишува американскиот „The Washington Post“.
Во текот на претходните години, неколку пати успеал да фотографира делфини и сурфери. Сега мислел дека делфинот е во рамката зад Ворен, но се покажало дека е ајкула.
„Бев воодушевен“, изјавил накратко фотографот Анаст.
Сурферот Тајлер Ворен не ни знаел што се случува зад него додека сурфал. Дури кога стигнал до брегот, му кажале што се случило на само неколку метри зад него.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …