НЕВИДЕН СЛУЧАЈ! ЖЕНА ПРЕЖИВАЛА 12. РАЗЛИЧНИ ТУМОРИ: Лекарите се надеваат дека ќе анализираат примерок од крвта – ова е клучно за ЛЕКОТ?!

Уникатниот случај на жена која преживеала 12. тумори на различни органи ги изненадил лекарите, истражувачите и научниците.
Неверојатен случај може да помогне во лекувањето на ракот, се надеваат научниците! 36-годишна жена станала првиот пациент во светот кој имал 12. различни тумори, од кои пет малигни и агресивни. Таа ги преживеала сите тумори, а истражувачите во Шпанија кои ја следат нејзината состојба велат дека имунолошкиот систем на пациентката е „исклучителен“ во запирањето на ракот.

Туморите ги нападнале нејзиниот мозок, грлото на матката и дебелото црево, од кои првиот бил дијагностициран кога била мало девојче. Лекарите се надеваат дека нејзиниот случај може да помогне во лекувањето на ракот и откриле дека туморите на жената се предизвикани од тоа што таа наследила специфична генетска мутација од двајцата родители.


This image has an empty alt attribute; its file name is zena-so-rak-1.jpg
Се верува дека таа е единствената личност во светот со генетска необичност што е меч со две острици. Од една страна, има неприродна способност да ги победи канцерогените израстоци, додека од друга страна, ги прави исклучително подложни на регенерирачки тумори.

„Сè уште не разбираме како оваа личност можела да се развие за време на ембрионската фаза, ниту како можела да ги надмине сите овие патологии“, рекол д-р Маркос Малубрес, кој го предводи шпанскиот Национален центар за онколошки истражувања (CNIO) и кој ја објави студијата во научното списание „Science Advances“.
Според Мигел Уриосте, коавтор на студијата кој го водеше Клиничкото одделение за фамилијарен рак на CNIO до неговото пензионирање во јануари оваа година, тој рекол дека никогаш не бил забележан друг случај како овој.


This image has an empty alt attribute; its file name is zena-so-rak-2.jpg

„Академски не можеме да зборуваме за нов синдром, бидејќи тоа е опис на еден случај, но биолошки е така“, вели истражувачот Уриосте.


Кога пациентката првпат пристигнала на клиниката, истражувачите земале примерок од крв за да ги анализираат гените кои најчесто се поврзуваат со наследниот рак, но не откриле ништо сомнително. Научниците потоа откриле мутации во генот наречен MAD1L1, кој игра суштинска улога во процесот на клеточната делба и пролиферација. Истражувачите се надеваат дека нивните наоди ќе отворат нови опции за третман во иднина.

Извор: mondo

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …