Поранешниот американски претседател Барак Обама ја доби наградата Еми на американската телевизија како најдобар водител во документарната серија „Нашите големи национални паркови“, објави во саботата вечерта Американската телевизиска академија.
Церемонијата на доделувањето на Еми наградите е закажана за 13 септември, но некои награди се доделуваат порано.
Обама е вториот американски претседател кој доби Еми. Двајт Ајзенхауер ја доби наградата, пред него, во 1956. година. Во тој случај тоа беше почесна Еми.
View this post on Instagram
Откако ја напушти претседателската функција во 2017 година, Обама напиша мемоари заедно со неговата сопруга Мишел. Двајцата основаа непрофитна фондација и основаа продукциска куќа која потпиша договор со Нетфликс вреден неколку десетици милиони долари.
View this post on Instagram
Покрај наградите „Еми“ и „Греми“ за аудио верзиите на неговите мемоари „Смелоста на надежта“ и „Соништата од татко ми“, Обама, американскиот претседател од 2009. до 2017. година, ја доби и Нобеловата награда за мир.
Тој ја доби таа награда по победата на претседателските избори во ноември 2008. година, за „исклучителните напори за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработката меѓу народите“.
Фото: Принтскрин/Instagram