(ФОТО) Поранешната сопруга на Мајкл Џексон проговорила: „Јас сум виновна за неговата смрт, жал ми е“

Мајкл Џексон починал од срцев удар во јуни 2009. година, а во телото му било пронајдено доволно колиќество од моќниот седатив пропофол за да убие носорог. Неговата поранешна сопруга Деби Роуз низ солзи зборувала за неговата зависност од лекови.
Во американскиот документарен филм „TMZ Investigates: Who Really Killed Michael Jackson“ таа низ солзи открила неколку детали за смртта на кралот на попот и дека требало да направи нешто кога видела дека пејачот е зависен од лекови против болки.


„Требаше да направам нешто, но не направив“
Во еден исечок од документарецот, Деби рекла: „Делумно е моја вина. Требаше да направам нешто во врска со тоа, а не направив. Има многу луѓе кои умреле од зависност и јас бев дел од тоа на некој начин“.
Имено, Мајкл Џексон починал поради срцев удар во јуни 2009. година, а во телото имало „доста од моќниот седатив Пропофол за да убие носорог“, изјавил во документарецот поранешниот судски лекар, на ЛАПД, Ед Винтер.

This image has an empty alt attribute; its file name is najmlad-sin-na-dzekson-1.jpeg


„Многу ми е жал“
Роу се омажи за Џексон во 1996. година и била сурогат мајка на децата Принс и Парис. Таа беше асистент на врвниот дерматолог Арнолд Клајн, кој починал во 2015. година, и кој им давал јаки лекови против болки на Џексон и други познати личности.
Роу на ТВ Фокс признала: „Всушност бев лоша како Клајн и многу ми е жал што бев дел од тоа“.
Поранешната сопруга на пејачот одбила да зборува конкретно за Џексон во документарецот и решила да се фокусира на Клајн, кој е познат и како татко на ботоксот. Исто така, со децении, таа во медиумите зборувала дека му била медицинска сестра на Џексон и помошник на Клајн додека тој го лекувал музичарот.
За време на судењето за смртта на Џексон во 2013. година, таа го обвинила нејзиниот поранешен шеф за поттикнување на зависноста на Џексон. Клајн, кој исто така бил познат по тоа што лекувал други ѕвезди како Елизабет Тејлор, починал на 70-годишна возраст во Калифорнија во 2015. година.


Брак со кралот на попот
Нејзината врска со Мајкл била обвиткана во тајност. Само неколку луѓе присуствуваа на нивната необична венчавка, која се одржала во хотелот „Шератон Парк“ на 13. ноември 1996. година, додека Џексон бил на неговата турнеја со албумот HIStory.
Впечатливо е и тоа што Роу носела нетрадиционална црна венчаница. Тајноста околу венчавката била толку силна што никој не ја потврдил ниту негирал откако се случила. Персоналот во Шератон се заколнал дека Џексон никогаш не напуштил својата соба.

This image has an empty alt attribute; its file name is paris-dzekson.jpg

„Не им ги менував пелените на децата, Мајкл сето тоа го правеше сам“
Имено, поранешната двојка наводно првпат се запознала 15. години пред свадбата кога Мајкл се лекувал од кожна болест. Се шпекулираше дека Роу всушност го тешела Џексон по раскинувањето со ќерката на Елвис Присли, Лиза Мари, а Роу и Џексон од тогаш станале големи пријатели.
Во минатото, таа била искрена за тоа дека Мајкл сакал да стане родител, но таа не сакала. Говорејќи во ТВ специјал од 2003 година наречен „Michael Jackson: The Footage You Were Never Meant To See“, Роу рекла: „Го направив тоа за тој да стане татко, а не јас да станам мајка. Ти ја заслужуваш титулата родител. Јас не направив апсолутно ништо за да ја заслужам таа титула. Тоа е затоа што Мајкл се грижеше за децата. Не менував пелени. Не станував среде ноќ, дури и кога бев таму, Мајкл правеше се”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …