(ФОТО) Новак Ѓоковиќ во поопуштено издание од било кога: На Ада Циганлија како сиот нормален свет!

Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во главниот град на Србија, а фотографите го фатиле како ужива со семејството кај Ада Циганлија и на паркингот на влезот од популарното капалиште.

This image has an empty alt attribute; its file name is jelena-i-novak-na-ada-ciganlija-1.jpg
Новак Ѓоковиќ бил опуштено расположен, па се бањал со најблиските пријатели, додека неговата сопруга Јелена седела на пешкир.



Некои им пришле да се фотографираат, додека Јелена ги замолила да ги пуштат да уживаат во приватноста.



Ќерката на Новак Ѓоковиќ наполни пет години, а прославата се одржа во неговиот ресторан во Дорчол.
„Јелена и Новак решија да направат забава за членовите на семејството и пријателите, но и за пријателите на Тара. Тара изрази желба сè да биде како од бајка, да има розов фустан и круна како нејзините хероини од цртаните филмови. Родителите и ја исполниле желбата и поканиле декоратори да создадат вистинска бајка која малата Тара долго ќе ја памети.Кога видела како е уреден просторот, Тара почнала да скока од радост и веднаш се фотографирала со другарките“, изјавил извор за српските медиуми.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …