Ракел Велч е американска актерка и поранешен модел за која многумина веруваат дека е една од најубавите жени во светот. Таа во текот на 60-тите и 70-тите години ја понесе титулата за најатрактивен модел на сите времиња, а на 5. септември ќе наполни 82. години.
Во 1995. година, магазинот „Empire“ ја вклучи Велч во 100-те најсекси ѕвезди во филмската историја, додека магазинот „Playboy“ и го додели третото место на листата на 100. најсекси дами на 20. век. На нејзината убавина не останаа имуни ниту читателите на магазинот „Men’s Health“, а во 2012. година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.
View this post on Instagram
Таа во своите мемоари „Raquel: Beyond the Cleavage“ истакнала дека стареењето е голем предизвик, особено за неа која секогаш била во центарот на вниманието.
„Сите можеме да се согласиме дека стареењето е предизвик, но верувајте ми – тоа е уште потешко за некој што е секс симбол. Погледнете ме. Добро се држам, но треба труд, вежбам јога еден час и половина секој ден. Но, навистина, луѓе, која е поентата да започнете да лажете за вашите години? Јас ја претставувам убавината, идеализираниот изглед на жената и тие го следат мојот совет и начинот на кој јадам и вежбам“, напишала Рејчел во книгата.
Инаку, ретко се појавува во јавност и приватниот живот го чува зад затворени врати. Последен пат фотографите ја фотографирале кога прави маникир на Беверли Хилс, пишуваат странските медиуми.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram