ПОЧИНАЛ ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР Џејмс Кан, кој се прослави во „Кум“

ЛЕГЕНДАРНИОТ актер Џејмс Кан, кој се прослави со улогите во филмовите како „Кум“ и „Песната на Брајан“, починал на 6. јули, на 82-годишна возраст.
Оваа вест беше објавена на официјалниот профил на Џејмс на Твитер, а деталите за неговата смрт се уште не се познати.
– Со голема тага ве известуваме за смртта на Џими на 6. јули, во вечерните часови. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период – пишува во објавата на споменатата социјална мрежа.
Кан се стекна со голема популарност во далечната 1972. година, кога играше улога во култниот филм „Кум“.

Фото: Принтскрин/YouTube/CBS Sunday Morning


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …