(ФОТО) АНТОНИО ДЕ ЛА РУ ЈА ТУЖЕЛ ЗА 250. МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Каде е денес бившиот на Шакира со кој била во врска 10 години?

Пред Шакира да најде „безбедно засолниште“ со Жерар Пике, таа била во врска со Антонио де ла Руа (48). А сега, кога нејзиниот живот е под будното око на медиумите поради неодамнешното раскинување со познатиот фудбалер, многумина се прашуваат што се случи со поранешниот Антонио на Шакира по раскинувањето и каде е тој денес?
Без сомнение, Антонио де ла Ру е еден од најпознатите бивши на Шакира. Парот бил заедно цела деценија од 2000. до 2011. година!
По 11. години врска, и двајцата решиле да прекинат, иако сè уште одржувале контакт бидејќи Антонио и бил адвокат на Шакира. Сепак, во 2012. и 2013. година, двајцата се нашле на спротивните страни од судницата додека Антонио барал компензација за сите години работа за пејачката, тврдејќи дека тој помогнал да се изгради нејзината кариера.
Синот на поранешниот аргентински претседател Фернандо де ла Ру барал отштета од 250. милиони долари од пејачката за изгубените договори по нивното разделување, објавиле колумбиските медиуми во 2012 година, но пресудата не била во корист на Антонио.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-so-bivsiot-1-683x1024.jpg
Иако Шакира и нејзиниот поранешен повеќе не комуницираат, пејачката споделила трогателна порака на Инстаграм во јуни 2019. година кога починал Фернандо, таткото на Антонио. Шакира споделила блиска врска со поранешниот политичар, а во таа прилика се огласила и на социјалните мрежи и споделила фотографија од Фернандо и пренела многу искрена порака.


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


„Фернандо, те нема засекогаш пријателе. Твоите деца, твојата сопруга Инес, твоите внуци, твоите пријатели и јас ќе те паметиме со неизмерно чувство на љубов кон твојата скромна и љубезна душа. Те сакам, Шакира“, напишала пејачка.
Инаку, денес Антонио е успешен бизнисмен и татко на две деца.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …