ПОЧИНАЛ ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР Џејмс Кан, кој се прослави во „Кум“

ЛЕГЕНДАРНИОТ актер Џејмс Кан, кој се прослави со улогите во филмовите како „Кум“ и „Песната на Брајан“, починал на 6. јули, на 82-годишна возраст.
Оваа вест беше објавена на официјалниот профил на Џејмс на Твитер, а деталите за неговата смрт се уште не се познати.
– Со голема тага ве известуваме за смртта на Џими на 6. јули, во вечерните часови. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период – пишува во објавата на споменатата социјална мрежа.
Кан се стекна со голема популарност во далечната 1972. година, кога играше улога во култниот филм „Кум“.

Фото: Принтскрин/YouTube/CBS Sunday Morning


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откриено од продуцентот – На Анџелина Џоли и Бред Пит им била понудена вртоглава сума за заеднички филм: Еве колку би можеле да заработат

На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена вртоглава сума доколку ги остават несогласувањата …