Рома Абдеселам е ѕвезда на ТикТок која неодамна ги шокираше своите фанови со видеото кое го објави на својот профил @therealsahd во кое опиша колку пари троши на дневна основа.
На инфлуенсерката не и е туѓо да го сподели својот екстравагантен начин на живот, бидејќи често ги фотографира својот скап накит и облека од познати дизајнери.
View this post on Instagram
Таа неодамна изјави дека потрошила повеќе од 50.000 долари за само еден ден – купувајќи предмети од Гучи, Диор, Шанел и Прада.
Рома од Њујорк вели дека трошењето на парите на нејзините родители го претворила во „работа“ која е „многу, многу забавна“.
„Секој ден се будам наутро, појадувам, одам во теретана, а потоа одам на шопинг со моите пријатели – и тоа е мојот живот без работа“, изјавила таа неодамна за New York Post.
„Некои денови трошам и до 50.000 долари. Честопати ме измамуваат продавачи кои велат: ‘О, ова е последниот егзотик на Шанел’, а потоа си помислувам: ‘О Боже мој, морам да ги имам сите овие парчиња’. Ми требаат!’“.
View this post on Instagram
Рома не откри што работат нејзините родители, но вели дека во минатото ја карале за претерано трошење или дури и ги запирале парите. Сепак, тоа никогаш не траело долго.
Во друг клип што го сподели на TikTok, Рома покажа како изгледа нејзиниот просечен ден кога оди кај козметичар.
„Морав да потрошам 600 долари за нови веѓи“, вели таа во видеото.
„Откако ги средив веѓите, отидов во барот да се напијам пред да пазарам“.
Во меѓувреме, во друго видео, таа покажала серија сметки, кои вклучуваат 2.221 долари за облека, 2.774,28 долари за долна облека и 2.264,81 долари за повеќе дизајнерски предмети.
Пред пандемијата, Рома најавила дека планира да започне сопствен бизнис – но таа е невработена во последните две години.
Сега таа редовно објавува на TikTok и има многу следбеници таму, а нејзината база на фанови расте од ден на ден, известува metro.co.uk.
@therealsahd If my parents are watching this everything was sponsored through my influencing job
Фото: Принтскрин/Instagram