(ФОТО) Захарова (портпарол на РМНР) споделила снимка во опуштено издание, коментарите се нижат: Како од страна за возрасни

Иако сме навикнати да ги гледаме политичарите во нивните сериозни изданија, кои се речиси единствениот начин на кој се претставуваат во јавноста, има и такви кои сакаат да ја покажат и својата „опуштена“ страна. Една од нив е портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На социјалните мрежи почна да кружи видео од Захарова, кое според реакциите на корисниците покажала, можеби, премногу опуштено издание.
Во триминутното видео што го сподели на нејзиниот Телеграм, Захарова е снимена како сензуално јаде јагоди, и покрај војната во Украина и западните санкции со кои се соочува Русија, и безгрижно ужива во летните денови.

This image has an empty alt attribute; its file name is zaharova-1-jpg-629x1024.jpg


„Калинка“, една од најпознатите патриотски руски песни, која е додадена на народната традиција на оваа земја, се слуша во позадината на објавата со опис „мојаата жетва“.
Видеото на Твитер го сподели новинарот Кевин Ротрок, а со коментарите кои следеа корисниците потврдиле дека Захарова воопшто не останала незабележана.


Меѓу другото, некои се пошегувале дека Марија изгледа како да ја „промовира својата порно страница“ и дека ваквото видео е непримерено.
„Извинете, но ова е тотално понижувачко“, коментирал еден корисник, додека друг се согласува: „Дали таа се обидува да биде привлечна? Затоа што не е“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …