Зошто се чувствуваме уморни на сонце? Овој феномен има објаснување!

Најдобар начин да го искористите убавиот и сончев ден е да бидете надвор. Сепак, ова може да предизвика одредени проблеми. Може да добиете сончев удар, топлотен удар на екстремни температури, а откако ќе поминете еден ден на сонце, може да се чувствувате преуморни иако не сте направиле ништо напорно.
Причината за оваа исцрпеност е тоа што телото троши многу енергија за да се олади. Топлината предизвикува бројни реакции на телото, кое на тој начин се труди да одржи оптимална телесна температура. Овие реакции се, на пример, вазодилатација и потење. Овие процеси придонесуваат за термичка регулација на телото.
Сето ова може да доведе до дехидрација бидејќи телото користи течност за да се олади и таа доаѓа на површината на кожата во форма на пот. Доколку чувствувате екстремен замор и летаргија на високи температури, мора веднаш да реагирате, бидејќи може да прерасне во топлотен удар. Нејзините симптоми вклучуваат зголемен пулс, ненадеен прекин на потењето, гадење, конфузија и исцрпеност.
Ако планирате да поминете многу време на сонце, понесете крем за сончање, погрижете се секогаш да сте хидрирани и да имате вода со вас. Избегнувајте алкохол и кафе и потрудете се што повеќе да бидете под сенка, за да не бидете директно изложени на УВ зраците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …