(ФОТО) Манекенката се сликала со БЛИЗНАЦИТЕ и ги згрозила фановите: Мислат дека ова е ВУЛГАРНО и дека претерала

Многумина се изнервирале што таа објавила слика додека дои…
На почетокот на годината се породи најпознатиот американски „плус сајз“ модел Ешли Греам (34), а таа и нејзиниот сопруг Џастин Ирвин добија близнаци.
Оттогаш помина половина година, момчињата растат, а не е лесно да се одгледуваат три деца во исто време (парот веќе има двегодишно момче), потврдува манекенката со честите објави на социјалните мрежи. А последниот предизвика лавина коментари од кои повеќето не беа ни малку позитивни.

Ешли на Инстаграм објавила фотографија на која се гледаат нејзините момчиња кои ги дои во исто време, а она што треба да биде убаво и природно за многумина испаднало вулгарно.
– Уморна сум, но еве сме – напишала таа во коментар покрај фотографијата и започнала дискусија на оваа мрежа.
Многумина се изнервирале што таа објавила слика додека дои, како тоа да е „нешто посебно“.
– Сите мајки дојат, што мислите дека ова е нешто посебно?, се прашувале. Вистина, ги имало и оние кои во тоа виделе посебен момент, кога мајката се поврзува со бебињата.
Сепак, за повеќето оваа слика била вознемирувачка и непримерна бидејќи нејзините гради биле целосно откриени.
„Ви благодарам, сега ми го згади животот“, „Како нешто убаво како доењето претворивте во нешто просто и вулгарно“, „Други жени дојат и не објавуваат слики од нивните голи тела“, коментирале тие на мрежите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …