(ВИДЕО/Рецепт) Кујната на баба – рендани шницли, најубавото нешто што сте го пробале!

Совршен ручек за целото семејство
Од кујната на баба пристигнува ручек за целото семејство. Вкусот на шницлите нема да ве остави рамнодушни, а сите присутни ќе бидат воодушевени.
Потребно е:
половина замрзнато пилешко
1 главичка кромид
1 поголем компир
1 лажичка лук во гранули
малку црн пипер
1 лажичка мелен црвен пипер
1 лажичка сув зачин
магдонос по желба
1 јајце
Подготовка: замрзнатото месо го рендаме на ренде, на покрупната страна. На истото ренде изрендајте ги компирите, па исцедете го. Изрендајте го и кромидот. Во смесата додадете јајце, лук, црн пипер, црвен пипер, зачин, магдонос. Се’ изедначете.


Во тавата сипете масло, со раце обликувајте ги шницлите и наредете во тавата. Покријте со капак и пржете од двете страни додека убаво не поруменат. Послужете топло со пире од компири и супа. Пријатно, уживајте!

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …