Публиката реши: Влатко Стефановски со втор концерт на „Мајчин јазик“

„По распродадениот прв концерт, најавуваме и ВТОР концерт на Влатко Стефановски на 18 март во Македонската филхармонија“, соопштија организаторите од „Баги комуникации“.

Првиот закажан за 17. март е веќе распродаден, а влезниците за вториот се пуштени во продажба од вчера, онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com.
Двата концерта се по повод новиот албум на Стефановски, „Мајчин јазик“, кој беше издаден кон крајот на минатата година и кој е првиот акустичен албум во неговата кариера. Специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …