(ВИДЕО) СИЛНО ТОРНАДО МИНАЛО НИЗ СЕВЕРЕН МИЧИГЕН: Едно лице загинало, најмалку 23. се повредени

МОЌНО торнадо го зафати северниот дел на Мичиген, оставајќи една жртва и најмалку 23. повредени, урнати покриви на згради, превртени возила и соборени дрвја и далноводи.
Невремето го погоди Гејлорд, град со околу 4.200 жители, на околу 370. километри северозападно од Детроит во петокот попладне по локално време.


– Имам среќа што сум жив. Невремето го однесе задниот дел од зградата. Целиот покрив го нема. Најмалку половина од зградата е уништена. Ситуацијата е лоша – изјавил Мајк Клепадло, сопственик на локална автомеханичарска работилница.
Ема Годар (15) рекла дека работела во локално кафуле кога добила телефонски повик за пристигнувањето на торнадо, но мислела дека времето е „бурно, но не и опасно“, го отфрлила предупредувањето и се вратила на она што го прави.
Две минути подоцна нејзините колеги во паника ја повикале да се засолни во задниот дел од зградата, што таа го послушала и се заклучила во фрижидер со нив.
Според неа, само 15. минути подоцна таа и нејзините колеги излегле од фрижидерот и виделе „уништени автомобили и урнатини“ што ги оставило торнадото.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …