(ВИДЕО) Кога Ен Хатавеј запеала, познатата пејачка паднала на под!

Ен Хатавеј, ѕвездата од серијата WeCrashed, свратила кај The Kelly Clarkson Show и кога запеала ги оставила сите без зборови. Имено, таа и Кели одиграле игра во која Ен морала да препознае и потоа да отпее песна откако слушнала само неколку тонови.
Откако бендот ја започнал песната Since U Been Gone, снимена од Кларксон во 2004. година, Хатавеј се искачи на малиот подиум и гласно го отпеала рефренот на песната.
Импресионираната, Кларксон паднала на подот, како поради гласовните способности на актерката, така и поради фактот што таа не ја препознала сопствената песна.


„Како ја препозна само од тие тонови? ја прашала актерката, која одговорила: „Кели Кларксон, ако не разбираш колку сите ја сакаме таа песна… Сите ја препознавме овде“.
„Дали да се откажам? Ова е срамно”, шеговито одговорила Кларксон.
Фановите на Ен Хатавеј веќе знаат дека актерката има импресивни вокални способности. Покрај глумењето во мјузиклот Les Misérables од 2012. година, таа пееше и во Ella Enchanted и го позајми гласот за Симпсонови, Рио и Рио 2.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …